Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Елмас пак на клупа, Лајпциг одигра реми со Ст.Паули

22 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: x.com/RBLeipzig

Нов меч, Елмас повторно гледач. Македонскиот репрезентативец остана цел меч на клупата на Лајпциг во ремито без голови против Ст.Паули во гости. Елмас се уште нема одиграни ни минута во новата сезона од Бундес лигата, а доби само десеттина минути во поразот на гостувањето кај Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Лајпциг по четири кола е на шестото место на табелата со осум бодови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ