Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Белгија ќе биде предводена од Тиери Анри за мечевите со Македонија?

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден од противниците на македонската фудбалска репрезентациуја во новиот циклус квалификации за СП 2026, селекцијата на Белгија, по се изгледа ќе има нов селектор. Белгиските медиуми денеска објавија дека прашање на време е кога ќе бид епотврдено заминувањето на актуелниот селектор Доменико Тедеско.

Медиумите пренесуваат дека двајца Французи се фаворити за позицијата селектор на Белгија. Еден од нив е вистинска фудбалска легенда, како Тиери Анри, кој моментно е на функција селектор на младинската репрезентација на Франција до 21 година. Вториот кандидат е Руди Гарсија, кој долги години работеше во врвни европски и светски тимови.

Анри претходно во неколку наврати беше помошник селектор во стручниот штаб на белгиската репрезентација, а неодамна беше на чело на олимпискиот тим на Франција, кој го освои среброто на ЛОИ во Париз. Руди Гарсија е без работа откако раскина со Наполи во ноември 2023 година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ