Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Гвардиола фрла милиони: Јануарскиот „пазарлак“ на Сити е вреден 150 милиони евра!

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Манчестер Сити дефинитивно ќе го одбележи јануарскиот преоден рок. Во обид да се извади од кашата во која се најде во послендите неколку месеци, Гвардиола добил одврзани раце да купи тројца нови играчи кои ќе го чинат клубот 150 милиони евра!

Како што е откриено, Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима, бидејќи детали го делат од неговото заминување од Ајнтрахт на „Етихад“.  Сити веќе понудил 70 милиони евра за неговиот потпис, но Ајнтрахт бара 80, па сигурно е дека „граѓаните“ ќе понудат дополнителни бонуси за запечатување на зделката во следните 48 часа.

Во следните 48 часа ќе потпише и Абдукодир Хусанов, веднаш штом ја добие работната дозвола, а потоа Витор Реис од Палмеирас. За Хусанов Ленс од Сити ќе добие 40 милиони евра, а исто толку на Палмеирас за Реис. Така Пеп ќе добие млади стопери на возраст од 19 и 20 години и очекува Бразилецот да се обиде да игра како десен бек или десен стопер во формација со тројца централни бекови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ