Деструктивните
шумски пожари кои го опкружуваат Лос Анџелес се проширија на Холивуд Хилс,
откако во другите пожари во областа загинаа најмалку пет лица, уништија стотици
домови и ги исцрпеа ресурсите за гасење пожари и снабдувањето со вода.
На повеќе
од 100.000 луѓе им е наредено да се евакуираат бидејќи сувите ветрови со
урагански сили ги попречуваат операциите за гаснење и ги разгореа пожарите кои
речиси непречено беснеат во областите погодени од суша од вторникот.
„Овој пожар
е масивен“, рече градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас на прес-конференција.
Нов пожар
избувна во Холивуд Хилс во средата вечерта, изјави началникот на
противпожарната служба Кристин Кроули на прес-конференција, што присилува
повеќе евакуации, а бројот на пожари во округот Лос Анџелес се искачи на шест.
Четири од
нив горат надвор од контрола, вклучително и два големи пожари на источната и
западната страна на градот, кои продолжија да се шират во средата додека паѓаше
ноќта.
Во пожарот
во Холивуд Хилс изгореа 20 хектари, соопшти пожарникарската служба на
Калифорнија. Екипите со хеликоптер фрлаа вода врз пламените јазици и се чини
дека го забавуваат пожарот.
Противпожарната
служба во Лос Анџелес издаде наредба за евакуација на луѓето во област во
Холивуд каде што се наоѓаат познати локации поврзани со филмската и забавната
индустрија.
Во рамките
на овој простор е и театарот Долби, каде што се одржуваат Оскарите.
Објавувањето на номинациите за Оскар е одложено поради пожарот, соопштија
организаторите.
Иако е
релативно мал во споредба со другите, овој пожар гори веднаш над булеварот
Холивуд и патеката на славните. Преминувањето на автопатот би го загрозило
холивудскиот знак на ридот како и опсерваторијата Грифит.
На
западната страна на Лос Анџелес, пожарите на Пацификот Палисадес проголтаа
6.406 хектари и стотици градби во ридовите меѓу Санта Моника и Малибу во
вторникот, тркајќи низ кањонот Топанга додека не стигнаа до Тихиот Океан.
Воздушната
снимка снимена од телевизијата „КТЛА“ покажува блок по блок куќи што горат во
Пацифик Палисадес, мрежа од чад повремено испрекината од портокаловите пламени
на уште неколку запалени куќи.
На исток,
во подножјето на планините Сан Габриел, вториот пожар уништи уште 4.289
хектари, 1.000 објекти и уби најмалку пет лица, соопштија локалните власти.
Метеоролошката
служба „Акју ведр“ ја процени почетната штета и економската загуба на повеќе од
50 милијарди долари.
„Се
соочуваме со историска природна катастрофа. И мислам дека тоа не може да се
каже доволно силно“, рече на прес-конференција Кевин Мекгован, одговорен за
управување со итни случаи во округот Лос Анџелес.
„Имаме
пожари со години, но не вакво нешто“, изјави Френсис Колела, 71-годишна
пензионерка за Ројтерс во центарот за евакуација во Пасадена, одмарајќи се во
инвалидска количка заедно со десетици други.
„Тоа е
навистина тажна појава и не можам да се сетам на нешто слично“.
Размерите и
ширењето на пожарот ги исцрпиле противпожарните екипи.
Пожарникарите
од шест други држави итно се префрлени во Јужна Калифорнија, изјави на
прес-конференција началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес,
Ентони Мароне.
„Го
доведовме системот до неговите граници. Се бориме со огнот со градските водни
системи“, рече на прес-конференција Џенис Кинонес, извршен директор на Одделот
за вода и енергија во Лос Анџелес.
Пожарите
избувнаа во особено чувствително време за Јужна Калифорнија, каде што нема
значителни врнежи со месеци.
Потоа
дојдоа силните ветрови, носејќи сув пустински воздух од исток кон крајбрежните
планини, разгорувајќи шумски пожари додека дува над врвовите на ридовите и по
кањоните.
Научниците
велат дека пожарите, кои горат и надвор од традиционалната сезона на шумски
пожари, го означуваат последниот во серијата временски екстреми кои
најверојатно дополнително ќе ескалираат бидејќи глобалните температури
продолжуваат да растат во наредните децении.
Претседателот
Џо Бајден, кој ги прогласи пожарите за голема катастрофа, му се придружи на
гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом во противпожарната станица во Санта
Моника за да добие брифинг за напорите за гаснење на огнот.
Во
последните денови како претседател пред да му го предаде на новоизбраниот
претседател Доналд Трамп на 20 јануари, Бајден го откажа претстојното патување
во Италија за да се фокусира на координирање на федералниот одговор на шумските
пожари, соопшти Белата куќа.
„Правиме сè
што можеме за да ги контролираме овие пожари… за да се погрижиме да се вратите
во нормала“, рече Бајден во противпожарната станица. „Ќе биде пеколно долг пат.
Ќе треба време.
Експертот
за пожари во Калифорнија, Чад Хансон ги даде најновите информации за
ситуацијата. Тој истакна дека моментално е најмногу шокиран од размерите на
уништувањето.
„Видовме
цели населби избришани од лицето на земјата. Куќите ги снема, исчезнаа
бизнисите“, изјави тој за Би-Би-Си.
Додаде дека
пустошот е тешко да се сфати и нагласи дека пет лица ги загубиле животите, но
бројот на жртви може да биде далеку поголем.
Од моментот
кога пожарникарите сфатија дека нема да можат да ги стават под контрола
пожарите, приоритет им беше да го евакуираат населението.
„Тие
завршија извонредна работа“, рече Хансон.
Џенифер
Колби, координатор за кризи во блиската Пасадена, рече дека повеќето жители
никогаш не биле сведоци на катастрофа од оваа големина.
„Многу е
тешко“, рече таа во интервју за Би-Би-Си.
Колби
истакна дека илјадници припадници на службата неуморно работат на обезбедување
поддршка, со акцент на безбедноста на сите граѓани.
Таа додаде
дека противпожарната служба останува оптимист поради прогнозата за поволни
временски услови во следните неколку дена, што може да помогне пожарот да се
стави под контрола.
Сепак, Чад
Хансон предупредува дека следната недела ќе дојде уште еден ветер.
„Дотогаш не
се прогнозираат дождови. Ќе биде уште посуво, а ако има уште еден налет на
ветер, сите преостанати или нови пожари би можеле брзо да се шират“, рече тој.