Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на
својата социјална мрежа Truth Social објави откако канадскиот премиер Џастин
Трудо поднесе оставка.
„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та земја.
Соединетите држави повеќе не можат да ги толерираат огромните трговски дефицити
и субвенции кои и се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше
ова и поднесе оставка. Ако Канада се спои со САД, нема да има тарифите,
даноците би биле многу пониски и би биле безбедни од опасностите на руските и
кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат заедно, каква голема нација би
биле!!!“, напиша тој Трамп.
Трамп првпат ја изнесе идејата за „51-та држава“ за време на
вечерата со Трудо кон крајот на ноември. За време на таа средба, новоизбраниот
американски претседател се пошегува дека, доколку Канада не може да ги преживее
царините од 25 отсто, може да стане 51-та американска земја, пренесува каналот
Фокс њуз.
Оттогаш, тој постојано го опишуваше шефот на владата на
Канада како гувернер во објавите на социјалните мрежи, титула што во
Соединетите држави го назначува шефот на извршната власт на сојузната држава.
Трудо, кој беше на чело на Либералната партија 11 години и
премиер девет години, се соочи со низа кризи, од тарифните закани на Доналд
Трамп до оставките на клучните сојузници и катастрофалните резултати од
анкетите.