-Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.
На минатогодишниот предизборен митинг тој рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана. /МИА