Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Страшно невреме пустоши низ Австралија, има загинати (ВИДЕО)

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Еден маж загинал кога дрво, од силината на ветрот, паднало врз неговиот автомобил.

Мажот, на возраст од околу 80 години, починал денеска во централниот западен Нов Јужен Велс, откако дрво паднало врз неговото возило. Според Бирото за метеорологија, Каура доживеа брзина на ветер од 107 км/ч во тоа време.

Други делови на регионот Нов Јужен Велс, вклучувајќи ги Вага Вага и Оринџ, биле погодени од невреме, при што неколку луѓе биле повредени и се уништени посевите.

„Деструктивните ветрови предизвикаа штета на југот на државата. Во Бомен, во Риверина, неколку луѓе се повредени откако од силината на ветрот се превртеа колиби“, изјави портпаролот на СЕС.

Еден жител на Ричмонд во северозападниот дел на Сиднеј рече дека тоа било „како ураган“. Во предградие на Сиднеј паднале повеќе од 10 мм дожд за само 12 минути со налети на ветер од 89 км/ч, пишува News.Com.Au.

Метеорологот на Sky News, Алисон Озборн претходно предупреди дека бурите би можеле да се движат од Гипсленд во источна Викторија сè до крајбрежните региони во Нов Јужен Велс.

Невремето ги зафати тие региони пред да го погоди Сиднеј вчера навечер. Вага Вага била една од најтешко погодените области, бидејќи СЕС одговориле на 175 повици за помош. Во многу области биле забележани и масовни прекини на струја. Причинета е штета и на електричната мрежа.

Силен град „збриша“ бројни лозја во округот Оринџ на денот на бербата на грозјето, пишува Централ Вестерн Дејли, а во следните неколку дена се очекуваат уште посериозни временски услови.

Предупредувањето за бура дојде откако вчера биле забележан град со големина на тениски и голф топчиња во Квинсленд, особено во Стенторп во регионот Јужен Даунс.

„Голем град со големина на грозје секако изгледа возможен, бидејќи брановите на невремето се пробиваат понатаму“, рече метеорологот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ