Лос Анџелес и неговата околина со округот Вентура се опустошени од пет активни пожари, од кои двата најголеми, Итон и Палисеjд, сè уште се целосно надвор од контрола. Повеќе од 130.000 луѓе се евакуирани, а 18 милиони луѓе се на готовс да се евакуираат бидејќи огновите не стивнуваат.
НАСА објави сателитска снимка направена вчера на која се гледа како чад се издига над Лос Анџелес. Сателитските снимки од областите погодени од овие пожари пред и по катастрофата го откриваат обемот на уништувањето.
Заедно, пожарите во Итон и Палисејд изгореа речиси 26.400 хектари земја, дополнително илустрирајќи ги размерите на трагедијата што ги снајде жителите на Лос Анџелес.
Загинатите се пријавени североисточно од Лос Анџелес, во близина на Пасадена, каде пожарот се уште не е под контрола.
Пожарот веќе опустоши површина од околу 42 квадратни километри.
Најмалку шест пожари моментално горат во Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.
Началникот на пожарникарите во округот Лос Анџелес, Ентони Марон изјави дека пожарот во Итон изгоре повеќе од 800 хектари и продолжува да се шири со „нула контрола“.