Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Лондонската полиција под истрага за прикривање сексуални злосторства на Ал Фајед

8 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Канцеларијата денеска соопшти дека ќе ја надгледува истрагата на Дирекцијата за професионални стандарди при лондонската полиција за да се утврди дали биле пропуштени можности за изведување на богатиот бизнисмен пред лицето на правдата.

- Постои сериозна загриженост на јавноста во врска со овој случај, со значителен број обвинувања кои биле пријавени во текот на многу години додека Ал Фајед сè уште беше жив, изјави директорот на Канцеларијата. - Важно е да се спроведе истрага за овие жалби, за да се утврди дали имало пропусти од страна на полицијата во истрагата уште од 2008 година, додаде тој.

По емитувањето на извештајот на Би-Би-Си во септември, во кој неколку поранешни вработени во „Хародс“ изнесоа тврдења, полицијата разгледува повеќе обвинувања за силување или сексуално злоставување против Ал Фајед, кој почина во 2023 година на 94-годишна возраст. Полицијата моментално истражува 21 обвинување, а вкупно над 100 жени се обратиле до полицијата со тврдења дека биле сексуално злоставувани од овој тајкун.

Лондонската полиција и раководството на „Хародс“ се соочуваат со прашања зошто не било преземено дејство против Ал Фајед додека бил жив. Во 2008 година, детективи го испрашувале за наводно сексуално злоставување на 15-годишник, а полицијата во два наврати доставила досиеја со докази до обвинителството. Ал Фајед никогаш не беше обвинет.

Мохамед Ал Фајед, бизнисмен роден во Египет, се пресели во Британија во 1960-тите и ја купи стоковната куќа „Хародс“ во средината на 1980-тите. Стана јавна фигура преку сопственоста на продавницата и лондонскиот фудбалски клуб „Фулам“. Често беше на насловните страници, особено по трагичната смрт на неговиот син Доди заедно со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Во 2010 година, Ал Фајед ја продаде „Хародс“ на компанија во сопственост на Катар преку нејзиниот државен фонд „Катар Инвестмент Ауторити“./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ