Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ЕУ ја отфрла одлуката на Венецуела за намалување на дипломатскиот персонал

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Европска Унија изрази длабоко жалење и ја отфрли одлуката на венецуелските власти за значително намалување на бројот на акредитираниот дипломатски персонал од неколку земји на ЕУ во Каракас.

- Ние сме во целосна солидарност со погодените земји-членки, соопшти денеска европската надворешнополитичка служба (ЕЕАС).

ЕУ исто така апелира да се повлече „едностраната и неприфатлива“ одлука која „служи само за продлабочување на меѓународната изолација на Венецуела и поткопување на билатералните односи со ЕУ и нејзините земји-членки“.

Министерството за надворешни работи на Венецуела вчера објави дека ќе го ограничи бројот на акредитирани дипломати од Франција, Италија и Холандија на три лица, наведувајќи го „непријателскиот“ одговор на нивните влади на инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро.

САД, ЕУ, земјите-членки на Г-7 и неколку демократски соседни земји на Венецуела одбија да го признаат реизборот на Мадуро, а Франција, Италија и Холандија минатата недела ја осудија администрација на венецуелскиот претседател.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ