Сите се
откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години му дозволија
да краде. И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и
бегалец Артан Груби, сите освен СДС, изјави Бране Петрушевски, пратеник
од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС покрај
ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше
нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или
воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа.
Нема амнестија
за СДС во случајот Груби. СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за
влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се
случувало.
СДС доколку
сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството,
треба да се извини зошто го толерирале Груби и што не повеле постапка пред
органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите
нивни функционери кои тоа го овозможиле.
Всушност
заради вакви како Груби и многу други од нивните редови СДС и ДУИ ги протуркаа
законските измени во Кривичниот законик. Спасувајќи голем број криминалци, но
очигледно за среќа на државата и сите нас не можеле да ги спасат сите, рече
тој.