СДС и ДУИ
ја заробија правосудната власт и ја претворија во алатка за политички
клиентелизам, што резултира со институционална инерција. СДС и ДУИ предизвикаа
ерозија на довербата во јавните институции и судскиот систем, велат од
ВМРО-ДПМНЕ
СДС и ДУИ го
повредија владеењето на правото и ја поткопаа јавната верба во способноста на
државата да обезбеди правда без да има присуство на пристрасност, особено кога
политичките елити на СДС и ДУИ се вклучени.
Врхушката на СДС
и ДУИ се исплашени за милионите кои што ги спечалија на грбот на обичниот народ
и поради тоа што се плашат дека доаѓа време за правда тие посегнаа по
примитивни методи, со што ја уназадуваат државата.
Обвинителите и
судиите избрани во Струмица и Зајас не смогнаа сили да се издигнат над
ситуацијата и да делуваат професионално.
Само обвинителите
на кој Коцевски им е одговорен и Коцевски не постапуваат по наводите за
криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино, МЕПСО, Онкологија, ЈПДП, Државна лотарија
и многу други.
Обвинителите и
судиите на Заев и Ахмети за стотици предмети кога треба да се одлучува и да
стави потпис на налог за увид, претрес или лишување од слобода, тие се трудат
со сите средства да ги опструираат процесите.
Републичкиот
јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај
јавните докази за криминални активности и корупција.
Неактивноста на
Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот
систем, со тоа што се обидуваат да ги заштитат своите разбојници од правни
последици, а на тој начин ја прошируваат корупцијата како да е нормална појава
и комплетно го блокираат правосудството. Поради таквите постапки довербата на
граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.
СДС и ДУИ ги
окупираа институциите со нивните функционери за да ги заштитат нивните интереси
и да ја задржат власта. На тој начин СДС и ДУИ ја лишија јавноста од правичност
и отчетност. ЈО да се разбуди и почне да работи, граѓаните очекуваат правда и
владеење на правото, стои во соопштението.