Иселувањето е голем проблем во Македонија, илјадници
македонски граѓани годишно ја напуштаат државата за подобар живот на Запад. Тоа
остава празни домови низ македонските средини, домови кои зјаат празни.
Во сите краеви на Македонија има куќи со голема квадратура,
на два или три ката, но тие стојат празни. Нивните газди се во европските земји
каде постојат многу можности за заработка и напредок, пишува<a href="https://faktor.mk/gradele-golemi-kukji-a-sega-istite-zjaat-prazni-postarite-ne-ni-zamisluvale-deka-kje-dojde-den-koga-mladite-masovno-kje-se-iseluvaat"> Фактор. </a>
„Има многу празни куќи во Берово. Секој си планирал за
децата и градел. Сега има многу млади луѓе што живеат во Скопје или во
странство“, вели Вера Кочевска, жителка на Берово.
Струмичанка исто така раскажува дека има куќи на два ката едното дете тука, другото странство. Додава дека се штедело, од задоволства се откажувале за да ги направат.
„Во Гостивар има многу празни куќи, станови. Младите се во
странство, во Германија, Швајцарија, Италија. Има куќи палати, овде нема мала
куќа, средени се, ама во поголем дел од годината се празни. Само летно време
или во зима, по 10 дена луѓето се тука и тоа е тоа. Порано, но сега градат тие
што имаат пари“, објаснува гостиварец.