За да го зачува стратешкото партнерство на Албанците од Македонија
со Соединетите Американски Држави и да докажат дека Албанците нема да бидат
заложници на ничиј криминал, бараме ДУИ да донесе формална одлука за
исклучување на Артан Груби од членство во партијата, соопштија од Коалицијата
„Вреди“.
– Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот
Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни
зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека
нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи
околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на
Албанците во Република Северна Македонија. Притисокот од јавноста е реален и
легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. Доколку ДУИ сака да ја потврди
сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен
интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни
активности од своите редови – се вели во соопштението.
Исклучувањето на Артан Груби од партијата, според нив е
неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери
се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД.
Сè друго, како што велат, е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат
„нивниот другар Артан Груби“.
– „Вреди“ стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до
поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме
дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и
Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените
принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на
Албанците во Република Северна Македонија – додаваат од Коалицијата.