Обвинителот на Основното јавно обвинителство Лесковац му одреди притвор до 30 дена на Ј.Ј.(67) од околината на Црна Трава.
Тој е обвинет дека удрил маж (84) во ходникот на установа за возрасни и стари лица во Лесковац, кој паднал и со главата удрил во подот, а од повредите починал неколку дена подоцна во Клиничкиот центар во Ниш.
J.Ј. денеска беше сослушан во судот, каде во присуство на бранител ја изнесе својата одбрана пред јавниот обвинител, се вели во соопштението на тој суд.
Претходно денеска полицијата во Лесковац соопшти дека Ј.Ј. приведен и осомничен за сторено кривично дело од небрежност лишување од живот.