Ова е само еден од многуте инциденти поврзани со автономните
возила. Мајк Џонс нарачал автономно такси од Waymo, сопственост на Google, да
го однесе до аеродромот минатата недела во Феникс. Меѓутоа, наместо да забрза
до својата дестинација, Џонс се нашол во најнеобична ситуација.
Откако седнал на задното седиште, го врзал појасот и
тргнале, но потоа автомобилот наместо да го остави на влезот на аеродромот, неколку
минути кружел околу паркингот.
Како што одминувало времето, Џонс станувал сè понервозен и
телефонски контактирал со службата за корисници на Waymo за да го пријави
проблемот, нагласувајќи дека можеби ќе го пропушти летот.
Сепак, претставникот за услуги на клиентите не можел далечински
да го запре возилото.
„Најлошиот дел е што ми рекоа да се обидам да го решам
проблемот користејќи го мојот телефон“, изјави Џонс за телевизијата KTLA.
На крајот, вработен во Waymo успеал да го запре возилото.
Џонс конечно излегол од таксито и стигнал до својот лет на време, но залудно
чекал една недела за извинување или компензација за оваа непријатна ситуација.
Сепак, ова не е прв пат автономните такси возила да направат
грешка. За време на музички фестивал во Сан Франциско, неколку возила ја
блокираа улицата поради преоптоварена мобилна мрежа, поради што автомобилите
спонтано застануваа.
Исто така, автономен автомобил еднаш се заглавил во свеж бетон
за време на работи на патиштата затоа што софтверот наводно не можел да направи
разлика помеѓу нормална површина на патот и свеж бетон.
Ова се само дел од проблемите поврзани со автономните
возила.