Apple има поблем со својот iPhone псоледниве години, особено во псоелдните две, заостанува технолошки во секој поглед: од процесор, преку дисплеј до перформанси зад корејскиот и некои кинески модели на мобилните телефони а особено со превисоката цена за тоа што се нуди.
Им остана уште претставата дека е iPhone е пожелна шминка и статусен симбол но, од тоа не се живее ако квалитетот и технологите заостануваат секоја година се повеќе. Губат пазар во Кина, во цела Азија, вусшност, губат во Јужна Америка а губат и на пазарот и во Европа.
Samsung доминира на европскиот пазар на мобилни телефони, додека Apple iPhone бележи послаби резултати од очекуваното, покажуваат најновите резултати од истражување на пазарот.
На европскиот пазар на мобилни телефони, Apple може да биде само втор играч, додека апсолутен лидер е Samsung. Различни пазари ширум светот имаат различни преференци за брендовите на мобилни телефони. На европскиот пазар, Apple iPhone не е толку популарен.
Според најновиот извештај за европскиот пазар на паметни телефони за третиот квартал од 2024 година, објавен од агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint Research, податоците покажуваат дека испораките во овој квартал се зголемиле за 8% на годишно ниво, што јасно укажува на закрепнување на европски пазар на мобилни телефони.
<b>Samsung останува најголемиот бренд за мобилни телефони во Европа, со пазарен удел од 32%, додека Apple е на второто место со 24%.</b> Од третото до петтото место се рангирани <b>Xiaomi</b> (19%),<b>Realme</b> (5%) и <b>Honor</b> (4%). Меѓу нив, Xiaomi заслужува внимание, бидејќи неговите годишни пратки паднаа за 5%, што го прави единствен производител меѓу петте големи брендови со негативен раст.
Покрај тоа, аналитичарите истакнаа дека поради неизвесноста околу достапноста на Apple Intelligence технологијата на пазарот во ЕУ и недоволно импресивни подобрувања на моделот iPhone 16, првичните продажни резултати на iPhone 16 во Европа не беа толку добри како оние на претходната генерација.
Од друга страна, Android кампот забележа поголем раст, особено <b>Honor</b>, чии годишни испораки пораснаа за цели 30%.