Луѓето околу него мислеа дека менува автомобил секогаш кога
ќе се појави гребнатинка на каросеријата, но работите се поинакви.
Причината за тоа е што Џобс ги мразел регистарските
таблички, а Калифорнија во тоа време им дозволувала на возачите да не користат
таблички во првите шест месеци од сопственоста. Џобс склучил договор да
изнајмува нов автомобил на секои 180 дена, па затоа не морал да става
регистарска табличка.
Основачот на Apple, Стив Џобс, купувал црн кабриолет Порше
911 на секои шест месеци со децении.
Џон Калас, експерт за компјутерска безбедност и софтверски
инженер за Apple, ја потврди приказната во интервју за ITWire уште во 2011
година, само неколку месеци пред да умре Џобс.
Во тоа време, се шпекулирало дека Стив Џобс склучил договор
со Одделот за моторни возила (DMV) за да добие баркод на неговиот автомобил
наместо регистарска табличка, иако оваа приказна никогаш не е потврдена.
Подоцна, Џобс се префрлил од Porsche 911 на Mercedes-Benz
SL55 AMG и го направи истото - менуваше автомобили на секои шест месеци,
секогаш купувајќи го истиот модел во потполно иста боја само за да вози без
таблички.