За време на зимските денови Копаоник е една од најпопуларните
регионални дестинации. Познато е дека цените на оваа планина не се за сечиј
џеб, но некои сепак можат да не изненадат.
На социјалната мрежа Инстаграм се појави кратко видео кое го
илустрира необичното искуство на неколку девојки кои се возат во такси, наводно
на Копаоник. Еден од нив снимил како таксиметарот „френетично“ ги врти
бројките.
Видеото кое е споделено на социјална мрежа и трае околу 26,8
секунди, започнува со цена од 389 динари на таксиметарот, а завршува со 514
динари.
- Во Белград нема такво нешто! Ова го нема ни во Париз! -
рече една девојка.
- Веќе петстотини динари! Не поминавме ни 200 метри! -
додаде другата низ смеа и во неверување.
Видеото завршува по овие коментари, па не можеме да знаеме
каков бил конечниот есап за едно возење со такси на Копаоник. Додека девојките
со неверување се смееја и коментираа за „магичниот“ таксиметар, возачот немаше
коментар.