Светски познатиот гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа на најдобри кујни во светот. Сите кујни се рангирани врз основа на гласовите на публиката, а се оценуваат врз основа на состојки, специјалитети и пијалаци кои се незаменлив дел од гастрономијата. Покрај тоа, водичот ги истакнува градовите со најдобра храна, а минатата година беше во знакот на пицата.
Добар број светски патници одат на патувања за да ги истражат локалните обичаи, култура и храна. Ако вашето патување е инспирирано од појадок, ручек или вечера, со многу постојки за ужина помеѓу нив, „Taste Atlas“ има листа на градови што мора да ги видите.
Годинава, Taste Atlas, покрај најдобрите кујни и храна, објави листа на 100 градови со најдобра храна во светот. На листата, очекувано, дури шест италијански градови се најдоа меѓу првите десет, италијанскиот регион Кампанија е прогласен за регион со најдобра храна, а град со најдобра храна во светот е Неапол.
Неапол доби скоро највисока можна оценка, дури 4,93 од можни 5. Од специјалитетите, Неапол е познат по својата автентична пица „Наполитана“, „Маргарита“ и „Маринара“, кои можете да ги пробате во познатите пицерии како „L'Antica Pizzeria da Michele“ или „Sorbillo“.
Уличната храна како пржени топчиња со тестенини, „Frittatine di Pasta“ и свежата „Mozzarella di Bufala“ се деликатеси кои не се пропуштаат. За сладокусците тука е „Sfogliatella“, крцкава торта исполнета со крем од рикота и лимон и „Baba al Rum“, десерт натопен со рум. Покрај тоа, постои традиционална супа од школки, „Zuppa di Cozze“, која ја отсликува поморската традиција на Неапол.
Целата листа можете да ја најдете на официјалната веб-страница, а првите десет градови за храна се: