ОВЕН
Ако денес е работен ден за вас - ќе се обидете да се
вклопите во роковите кои ви се дадени, но тоа ќе помине со многу компликации.
Со партнерот нема да се согласувате баш најдобро, затоа не отворајте посериозни
теми.
БИК
Направивте се што можете (ако ви е работен ден), сега само
треба да почекате. Партнерот ве доведе во ситуација да морате да се браните,
иако навистина не сте виновни за она на што се жалите. Ќе ви биде проблем да се
објасните и да го решите ова.
БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да запознаете некого, но не сакате да бидете
искористени од другите. Комуникацијата со соработниците или членовите на
семејството не е најдобра денес. Некој сакан сака да разговара со вас затоа што
мислат дека нешто криете од него. Недоразбирање.
РАК
Денеска со поголема самодоверба пристапувате кон своите
обврски (ако е работен ден). Нема да можете да сметате на лесни околности, се
оди со компликации. Партнерот очекува да му посветите повеќе време, но прашање
е дали ќе успеете во тоа.
ЛАВ
Ова може да биде напорен ден, но успешно ќе излезете од
него. Овој напор повеќе ќе се одрази на вашата исцрпеност од голем број
обврски, отколку во вашето расположение. Од вас се очекува да бидете посветени
на многу аспекти – обврски, семејство, партнер.
ДЕВИЦА
Станавте помудри од некои претходни искуства и сега на
дневен ред ги ставате најпребирливите обврски. Имате повеќе време за членовите
на семејството и оние што ги сакате, затоа посветете им се. Денеска не сакате
да водите тешки разговори со никого.
ВАГА
Нема да можете да завршите ниту еден план. Очигледно е дека
времето ви се лизга од раце, а исто така се заплеткувате и не правите ништо
како што треба. Се натрупуваат деловните и личните обврски. Комуникацијата со
емотивниот партнер е обоена со нервоза.
СКОРПИЈА
Некои луѓе, без разлика дали се од деловна или приватна
средина, можат да ви поставуваат услови или да се обидат да ве исфрлат од
колосек. Мислите дека е најдобро да се воздржите. Во емотивните врски –
понекогаш добро расположение, понекогаш напнатост.
СТРЕЛЕЦ
Не сте подготвени да се откажете од заложбата што сте ја
започнале, без разлика дали станува збор за бизнис или приватен сектор, иако
ситуацијата се усложнува. Како денес други работи да ви го одвлекуваат
вниманието и да ве деконцентрираат. Со партнер - правилна ситуација.
ЈАРЕЦ
Во текот на овој ден може да почнете да мислите дека некоја
ситуација ви излегува од раце. Ова може да биде поврзано со деловни, но и со
емотивни, семејни околности. Смирете се, седнете и опуштете се и обидете се
повторно.
ВОДОЛИЈА
Се „кршите“ поради некаков договор кој не оди најдобро, без
разлика дали е во семејниот или бизнис секторот. Сепак, решивте дека нема да се
откажете и упорно продолжувате да се обидувате. Комуникацијата и разбирањето е
нешто полесна со емотивниот партнер.
РИБИ
Денеска не потпирајте се на другите, туку на себе. Ќе
сфатите дека очекувате поддршка од луѓе кои се премногу несигурни, без разлика
дали зборуваме за деловниот или семејниот сектор. Засега единственото нешто во
кое сте сигурни е саканата личност која е секогаш тука да ве поддржи