Шоткит, портал наменет за широк круг корисници на фотокамери во светот, прашал 1.000 фотографи каква камера користеле во 2024 година, а еве ги наодите:
<b>Nikon</b> е најпопуларниот бренд за фотоапарати што го користат професионални фотографи. 31% од професионалците користат Nikon, а потоа следат <b>Canon</b> (28%) и <b>Sony</b> (20%).
<b>Canon</b> е најпопуларниот бренд за фотоапарати што го користат аматерски фотографи. 27% од аматерите користат <b>Canon</b>, многу блиску до нив е <b>Nikon</b> (25%) и значително помлаку доверба во <b>Sony</b> (16%).
<b>Nikon </b>годината ја помина во десетте најпродавани модели во Јапонија и САД со моделите <b>Nikon Z9</b> i <b>Nikon Z8</b> кај професионлаците a <b>Nikon Z6 III</b> и <b>Nikon Zf</b> кај ентузијастите кои се грижат да го сочуваат моментот и денот на најдобар можен начин, со фотографија - од фоктокамера.
Што се однесува до <b>Sony</b> a7III е најпопуларната камера што ја користат професионални фотографи од тој бренд. 7% од професионалците користат Sony a7III камера без огледало, а камерата без огледало од <b>Canon</b> R6 и фотоапаратот <b>Nikon</b> D750 DSLR се на второ и трето место.
Alpha a7III и Nikon D850 се најпопуларните камери што ги користат аматерски фотографи. Едната е камера без огледало, а другата е DSLR.
Професионалните фотографи сакаат да го користат Sony a7III и за нивните лични фотографски активности. Fujifilm X-T3 и Nikon D850 се исто така популарни избори со соодветен квалитет.