Трошоците за животот во 2024 година, во однос на 2023
година, бележат пораст од 3.5 отсто, а цените на мало од 3.8 проценти, соопшти
Државниот завод за статистика.Во декември 2024, пак, во споредба со истиот
месец од 2023 година, трошоците за живот се зголемени за 4.4, а цените на мало
за 4.3 отсто.
– Движењето на индексот на трошоците за животот во 2024
година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е
забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9%, Алкохолни пијалаци, тутун
и наркотици за 7.6%, Здравје за 5.3%, Разновидни стоки и услуги за 5.1%,
Рекреација и култура за 4.9%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за
3.8%, Облека и обувки за 3.1%, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за
2.9%, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4% и
Образование за 0.2% – соопшти ДЗС.
Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто
така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е
забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1%, Услуги за 5.0%,
Пијалаци за 4.0%, Индустриско-прехранбени производи за 3.5%,
Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во
декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0.3%.
Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024
година, е резултат на зголемувањето на трошоците за животот во следните групи:
транспорт за 4.8%, рекреација и култура за 1.7%, ресторани и хотели за 0.4%,
облека и обувки за 0.2%, разновидни стоки и услуги за 0.1%.
Трошоците<span style="mso-spacerun:yes"> </span>за животот
во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика,
гас и други горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во
претходниот месец.
Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември
2024 година бележат раст од 1.2%, објави ДЗС.