Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Албанија: Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип

5 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

-По добиената информација  од жителите од областа, стручни лица од ветеринарната служба пристигнаа и земаа мостри кои ги испратија на анализа до Институтот за безбедност на храна и ветеринарство во Тирана. Одговорот се очекува за три дена. Сепак основано се сомневаме дека причина е птичји грип, соопштија од ветеринарната служба.

Додаваат дека за да се елиминира ширењето на грипот, птиците биле уништени. 

Посочуваат дека ризикот од преминување на вирусот кај луѓето е мал и оти преносот се јавува преку контакт со болни птици. 

Претходно во земјата беа регистрирани две жаришта со птичји грип во фарми со живина. /MИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ