Данило Шарановиќ, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, одговори на повикот на својот татко Славко да поднесе оставка порачувајќи дека никој од неговото семејство нема контакт со него и дека состојбата на „поранешниот член“ на нивното семејство се користи за, како што кажа, „најдовратни политички пресметки“.
„Кога сите политички планови и евтини манипулации ќе пропаднат, да се посегне по злоупотреба на ситуацијата на еден поранешен член на семејството, со кого веќе со години никој од нас нема ниту сака да има каков било контакт, го може само најнискиот човечки и криминален талог.
Мојата мајка, сестрата и јас знаеме низ што сè минавме, но нема од себе да правам жртва. Тоа не е во мојот карактер. Ова само дополнително ми помогна да сфатам во какво опкружување живееме. Јасно ми е дека постои слој луѓе кои никако да го достигнат своето дно. Ова за мене беа важни животни лекции кои ми даваат дополнителен мотив и сила за понатаму. А вие, само продолжете. Секоја чест“, напиша црногорскиот министер.