Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Затоа е “СПЕЦИЈАЛЕН“: Еве што направи Мурињо на првиот тренинг на Фенербахче! (ВИДЕО)

25 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се разбира дека преземањето на клупата на Фенербахче од страна на Жозе Мурињо е главна вест летово во турскиот фудбал. Еден од најдобрите тренери во историјата, велат за 10 милиони евра по сезона, ќе го предводи турскиот гигант во следниот период.

Жозе може да го почитуваш до небо или воопшто да не го сакаш, нема средина а дека Португалецот ги воодушеви сите во Турција со потегот што го направи уште на првиот тренинг на Фенер, доказ е ова видео.

Имено тој дојде до новинарите и фоторепортерите и со сите поединечно се поздрави и се запозна.

Така права големите тренери, а секако дека тоа е Жозе кој ја „запали“ фудбалска Турција.

Ете, затоа е “СПЕЦИЈАЛЕН“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ