Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Вида се прости од репрезентативниот дрес на Хрватска

21 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Домагој Вида денеска и официјално се повлече од хрватската репрезентација.

Хрватскиот фудбалски сојуз најави заминување на 35-годишниот дефанзивец од националниот тим.

„Ќе ми недостига сè – натпреварите, победите, забавата, прославите, па дури и неуспесите, бидејќи преку нив учиш колку вредиш. Знам дека дојде време за младите – меѓу нив има и такви кои ќе го водат тимот до нови успеси. Со сето срце им посакувам да тргнат по стапките на нашата генерација, која постигна повеќе отколку што можев да сонувам во мај 2010 година. Колку и да беше тешко да се збогувам, заминувам со чувство на гордост и радост“, напиша Вида.

Вида за хрватската репрезентација настапува од 2010 година и на 105 натпревари постигна 4 гола. Тој беше дел од златната генерација која освои сребро и бронза на последните две светски првенства.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ