Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Англичните гневни, нивниот селектор не ја пееше химната!

7 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Спектакл во Даблин. Англија како гостин ја победи Ирска со 0:2 и тоа со головите на „Ирците“ Рајс и Грилиш. Деби победа на новиот селектор Ли Карсли. Добра Англија, но сепак еден потег на нивниот селектор буквално ги разгневи.

Имено Карсли не ја пееше химната на својата земја, треба да се каже дека домашните фанови со свирежи ја “испратија“, но поважно за Англичаните беше тоа што нивниот селектор не ја пееше химната на Англија. Инаку тој е роден Англичанец, иако има одиграно 40 мечеви за селекцијата на Ирска.

Тој ова го објаси на следниот начин:

Не гледам проблем. И како играч не ја пеев химната на Ирска, и како селектор на У-21 на Англија не ја пеев, ни сега како селектор на Англија не ја пеев. Едноставно сакам да се концентрирам на играта, на тоа што ме очекува. Инаку ги почитувам и двете химни“ се бранеше Карсли.

Инаку интересно е тоа што пред натпреварот, кога тој излезе од тунелот од соблекувалните со седна на селектортското место на Ирска, и кога му укажаа присутните стјуарди дека го погрешил местото, Карсли се извини и се седна на клупата на Англија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ