Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Стојковиќ: Ќе има промени во тимот, мораме да одиграме перфектно со Данска

24 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Србија против Данска (вторник, 21:00 часот) ќе го игра одлучувачкиот меч за пласман во нокаут фазата на ЕП. Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси најави промени во тимот кој досега има само еден бод, освоен против Словенија 1:1.
Размислуваме на сите сегменти кога е во прашање нашата формација. Постојат две опции, со еден или два напаѓачи. Имаме идеја, ќе има промени, не можам да кажам колку. Не заборавајте дека мечот се игра 90 минути, треба да размислуваме и за тоа што можеме да направиме мечот да го одведеме во насока која нас ни одговара. Мораме да имаме и некое оружје на клупата, треба да се биде паметен и да се повлечат потези што се однесува до формацијата“, изјави Пикси.

Ќе се обидеме да одиграме интелигентно и да не правиме грешки. Повеќе немаме простор за поправен испит, треба да одиграме перфектно“, додаде српскиот селектор.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ