Светски скандал се случи во италијанската Серија Ц. Фудбалерот од Триестина, Рајмондс Кролис, заработи црвен картон во 34. минута од натпреварот против тимот на Џан Ерминио, а тоа сериозно го изнервира тренерот Пеп Клоте, кој физички го нападна.
Клоте сакаше на брутален начин да му покаже на својот фудбалер дека не е задоволен од неговиот потег, а видеото ја обиколи и ја шокираше планетата.
На крајот Триестина беше поразена со 1:0 и продолжи да кикснува, а моментално е на последното место на табелата со само шест бода.