Сè уште не се знае судбината на Вирџил ван Дајк, кој е капитен на овој тим и чиј договор со тимот од Енфилд истекува на крајот од сезоната. Ливерпул дефинитивно ќе донесе многу скапо засилување следното лето доколку Вирџил ван Дајк реши да го напушти „Енфилд“.
Неговиот договор трае до крајот на сезоната и се уште се чека официјална одлука дали ќе го продолжи или ќе го напушти Ливерпул како слободен играч на крајот од сезоната.
Како што пренесуваат новинарите на Football Insider, Ливерпул планира да донесе барем еден дефанзивец доколку Ван Дајк си замине. Веќе во јануари тој ќе може слободно да преговара со тимови кои доаѓаат надвор од Англија, а тоа најмногу сакаат да го донесат тимовите од Саудиска Арабија.
Во Ливерпул се надеваат дека Ван Дајк на крајот ќе донесе одлука да остане во нивниот клуб, но на сите им е јасно дека шансите за тоа се многу мали.
Англиските новинари тврдат дека во Ливерпул на врвот на листата со желби за трансфери во преодниот рок ставиле стопери, но прашање е кого ќе доведат на крајот.
Јасно е дека идното лето ќе дојде големо име ако си замине Ван Дајк да ги „смири“ навивачите. Она што е сигурно е дека во Ливерпул се подготвуваат за неговото заминување.
Ѕвездата на Севиља, Лоик Балде и Марк Гуехи, кој игра за Кристал Палас, наводно се на врвот на листата на желби на Ливерпул.