Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Флик за скандалот: Ситуацијата е јасна, судиите направија голема грешка!

11 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше разочаран по поразот од Реал Сосиедад од 1-0 во Ла Лига. Натпреварот ќе остане запаметен и по прилично контроверзниот поништен гол на Роберт Левандовски на стартот. Според Флик тоа беше погрешна одлука на судијата.

“Му кажав на судијата дека тоа е погрешна одлука. Знам дека не е негова вина. Не бев лут, можеби малку. Видов со свои очи на повторената снимка дека не е стопалото на Роберт. Ситуацијата е кристално јасна. За жал мора да се помириме со тоа. И судиите се луѓе, сите грешиме. Денеска судиите направија голема грешка. Да се ​​броеше голот, можеше да го смени текот на натпреварот”, смета Флик.

Тренерот на Барселона истакна дека играле лошо и дека се самите се виновни за поразот.

„Самите сме виновни за поразот. Можевме да играме подобро. Поседот на топката беше очаен. Сакав тимски да го решиме овој дуел, а не индивидуално. Противникот играше одлично и немаме оправдување за нашиот настап. Не создадовме доволно шанси. Почнавме добро на почетокот, но потоа падна голот на противникот, додаде Германецот.

Тој зборуваше и за состојбата на Ламин Јамал, кој поради повреда не учествуваше на натпреварот, а не е јасно дали ќе може да настапи за репрезентацијата на претстојните натпревари.

„Тој е класичен играч и ни недостигаше. Лекарите ќе разговараат со федерацијата, но тој денеска не можеше да игра“, заклучи специјалистот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ