Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Сите сакаат во Реал: Сити ќе го прави најплатен фудбалер во Европа, ама тој знае каде ќе игра во блиска иднина!

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По Килијан Мбапе, веројатно Флоријан Вирц следното лето, сега на ред е малку европската фудбалска јавност да се занимава и со Ерлинг Халанд и неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид.

Имено во моментов се водат преговори меѓу раководството на Манчестер Сити и Норвежанецот. Со со новиот договор Сити ќе го направи Халанд фудбалер со најголема плата во Европа, но тој сака нешто друго, а тоа е да се постави откупна клаузула во договорот.

Тоа е поради фактот дека и Халанд сака во блиска иднина да го облече белиот дрес на кралскиот клуб.

Ако не во 2025 или 2026, тогаш секако за три години. А кога се има отккупна клаузула, без разлика на сумата, тогаш се е полесно.

Колку за потсетување. Халанд од Дортмунд во Сити направи трансфер откако “граѓаните“ ја платија откупната клаузула од 60 милиони евра.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ