Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Јуриќ е новиот тренер на Рома

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иван Јуриќ од вечерва и официјално е новиот тренер на италијанска Рома.

Римскиот клуб објави дека на местото на Даниеле Де Роси е назначен хрватскиот стручњак. Тој доаѓа на жешкото столче во тимот, откако денеска „волчицата“ реши да му врачи отказ на досегашниот тренер поради очајниот почеток на новата сезона.

Договорот на Јуриќ со Рома е до 30 јуни 2025 година. Претходно беше објавено дека ќе содржи опција за продолжување, доколку тимот се квалификува за Лигата на шампионите на крајот од сезоната.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ