Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Шпанците тврдат: Ливерпул понудил 41 милион фунти за играч на Реал (М)

6 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според информации од Шпанија, Ливерпул доставил понуда вредна 41 милиони фунти за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, бидејќи сака да го добие дуелот со Манчестер Сити за неговите услуги.

Првичната понуда е од 29 милиони фунти, а остатокот од комплетната сума ќе се исплаќа следната сезона, бидејќи „црвените“ сакаат уште повеќе да ја засилат конкуренцијата во средниот ред.

Чуамени постојано беше поврзуван со трансфер во Ливерпул уште во 2022 година, во време кога Фабињо и Џордан Хендерсон беа пред заминување, но наместо тоа тој одлучи да се пресели од Монако во Мадрид. Со оглед на тоа што 24-годишниот играч не секогаш беше клучен стартер под водство на Карло Анчелоти, веројатно нема да има ништо против да замине на „Енфилд“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ