Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Санчо: Челзи е уникатен клуб, мои идоли се Лампард и Дрогба

1 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Крилниот напаѓач Џејдон Санчо го напушти Манчестер Јунајтед во последните часови од летниот преоден рок и му се приклучи на Челзи на позајмица. Лондонскиот клуб има задолжителна откупна клаузула за играчот по исполнување на одредени услови.
Англичанецот изрази задоволство што е дел од лондончани, а во минатото идоли му биле Дидие Дрогба и Френк Лампард.
Сакав да дојдам во Челзи бидејќи тоа е уникатен клуб. Мои идоли се Дидие Дрогба и Френк Лампард и сега имам можност да играм во клубот каде што играа. Чувството е феноменално“, изјави Санчо за клупската веб-страница.
Санчо минатата сезона беше дел од Борусија Дортмунд на позајмица со кого играше во финалето на Лигата на шампионите. По завршувањето на сезоната пропадна можноста германскиот клуб да го земе на трајна основа и тој сега ќе игра на Стемфорд Бриџ на позајмица.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ