Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Саутгејт: Моето заминување ја врати надежта во Англија

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот селектор на англиската репрезентација Герет Саутгејт денеска изјави дека неговото заминување носи надеж за идните успеси на националниот тим.

Саутгејт ја напушти репрезентацијата во јули, два дена по поразот од Шпанија со 1:2 во финалето на Европското првенство. Осум години беше селектор и ја водеше репрезентацијата до две последователни финалиња на европските првенства и четвртфинале и полуфинале на светските првенства на последните две Светски првенства.

Тој рече дека играњето за репрезентацијата, а потоа и водењето е голема чест за него и дека тоа му значи се.

Англија бара селектор, а тимот привремено го предводи Ли Карсли, кој ги оствари двете победи на почетокот од Лигата на нации, против Ирска (2:0) и Финска (2:0).

„Тоа беше вистинско време за промена. Сега ја гледате надежта што може да ја донесе промената. Задоволен сум со тоа. Осум години се многу време и се радувам на различни предизвици. Беа неверојатни осум години Беше привилегија да се работи со брилијантни играчи“, изјави Саутгејт. 

Засега единствен план е да одмори, тој откри дека не разговарал со ниту еден тим од Премиер-лигата.

Имам многу можности. Отворен сум за тоа што е следно, во фудбал или надвор од него. Ќе одморам малку и ќе видиме. Не сум разговарал со клубовите од Премиер лигата. Луѓето знаат дека морам да ја вратам силата и да уживам во животот, нема да брзам, морам да донесам добри одлуки“, рече тој.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ