Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рома експресно најде замена за Де Роси

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Даниеле Де Роси доби отказ од Рома, а римскиот клуб експресно најде негова замена. Се споменуваа тројца кандидати, а изборот падна на хрватскиот стратег Иван Јуриќ.

„Газета дело спорт“ пишува дека поранешниот тренер на Торино и Верона, се договорил со Рома за соработка до 2025 година со опција да биде продолжена доколку тимот се квалификува во Лигата на шампионите.
Наводно прв избор на Рома бил Стефано Пиоли, меѓутоа овој тренер преговара со Ал Наср и се чини дека ќе биде завршен тој трансфер, па Рома го повикала Јуриќ кој прифатил.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ