Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Премиер лигата му го поништи црвениот картон на Фернандеш

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерот на Манчестер Јунајтд, Бруно Фернандеш ќе може да игра во наредните три натпревари бидејќи е прифатена жалбата на клубот да му се укине суспензијата. Фернандеш доби директен црвен картон на мечот против Тотенхем во Премиер лигата поради остар старт над Џејмс Медисон. Капитенот на Јунајтед требаше да ги пропушти премиерлигашките натпревари против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.
Сепак, клубот одлучи да ја обжали одлуката на судијата, а Премиер лигата по повторно разгледување на ситуацијата го поништи црвениот картон.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ