<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Македонските
ракометари повторно се дел од мундијалот, почнува Светското првенство</span>
Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во
Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.Покрај Хрватска, ко-домаќини
на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32
репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската
репрезентација.
Нашата репрезентација својот старт на Мундијалот ќе го има
утре против Унгарија.
Состав на групите:
Група А (се игра во Хернинг, Данска): Германија, Полска,
Чешка, Швајцарија.
Група Б (се игра во Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.
Група Ц (се игра во Пореч): Австрија, Франција, Кувајт,
Катар.
Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија,
Холандија, Гвинеја.
Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка,
Бразил.
Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.
Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд,
Зеленортски Острови.
Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.
Првите три најдобропласирани од секоја група ќе се пласираат
во главната рунда.
Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните
последователни светски шампиони Данците. Нивни конкуренти ќе им бидат
европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и
Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.
Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во
низа.
Распоред на денешните натпревари:
17:30 часот Италија – Тунис
18 часот Франција – Катар
20:30 часот Австрија – Кувајт
20:30 часот Данска – Алжир.