Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

По бламажата со Парагвај, Винисиус им се извини на фановите во Бразил!

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

И дефинитивно Бразил не е тоа што беше. Некогашниот повеќекратен светски првак, земјата која е поим за фудбал, во последните неколку години само се брука и бламира.

Така беше и утринава кога на гостувањето во Парагвај, “кариоките“ беа поразени со 1:0.

Фудбалските фанови во Бразил се разочарани, а првата ѕвезда на селекцијата, Винисиус јавно им се извини по натпреварот:

Им се извинувам на нашите навивачи, сега е тешко, но бидете уверени дека ќе се вратиме. По секоја цена сакаме ова да го смениме. Затоа им порачувам на сите мои соиграчи сега кога ќе си одат дома, добро да размислат што треба да направат за да сите се подобриме“ рече покрај другото напаѓачот на Реал Мадрид.

Инаку Бразил последе пат беше светски првак во далечната 2002 година кога Роналдо и компанија ја победија Германија во финалето на Мундијалот во Ј. Кореја и Јапонија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ