Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Пак по старо – Леверкузен победи со гол во 93 минута!

22 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Стариот добар Баер Леверкузен од минатата сезона. Денеска „фармацевите“ го победија Волфсбург со 4:3 со гол во 93 минута, што претставува нивна специјалност покажувајќи го минатата сезона, еве сега и оваа.
По првото полувреме имаше пет гола, а гостите имаа предност од 2:3. Отвори Волфсбург со автогол на Мукиеле, па Леверкузен сврте со два гола преку Вирц и Та. Но до крајот на полувремето погодија Борнау и Сванберг за водство на гостите.
Само што почна второто полувреме изедначи Хинкапе, а во третата минута од судиското продолженија погоди Бонифасе за трета победа на Баер оваа сезона (ГОЛОТ ЗА ПОБЕДА ОВДЕ) .


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ