Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Интер непоразен на „Етихад“, Џирона несреќно загуби во Париз, Миовски остана на клупа (ВИДЕО)

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Дерби дуелот на вториот ден од натпреварите во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер не донесе голови. Ремито (0:0) најмногу ги разочара домашните фанови, кои сигурно сметаа на старт со победа, но Интер се покажа како тврд орев и заминува со голем бод.

Со многу тактизирање на пауза се замина со почетните 0:0. Малку повеќе динамика видовме во вториот дел, со значително повеќе шанси, особено пред голот на Интер. Првата голема шанса во 69. минута ја имаше Фоден, кој од средината на шеснаесетникот биеше право во рацете на Зомер. Во завршните десетина минути и Гвардиол се обиде со еден силен удар, но и овој пат Зомер беше на место. Момците на Гвардиола притискаа цело второ полувреме, но Интер не дозволи да прими гол.

ПСЖ и Џирона одиграа еден исклучително возбудлив меч во кој видовме голема борба и голем број на шанси, но и еден несреќен гол кој го примија гостите во 90. минута и на крајот го загубија мечот. Џирона беше рамноправана во првиот дел, но ПСЖ тотално доминираше во второто полувреме и создаде безброј шанси за гол. Дембеле и Коло Муани промашуваа се што не се промашуваше, за на крај среќата да ги посака откако Нуњо Мендеш биеше од косо, топката место в раце помина низ нозете на гостинскиот голман Газанига и заврши во мрежата за среќна победа на ПСЖ од 1:0.

Во Белгија, екипата на Борусија (Д) имаше иницијатива, која успеа да ја круниса со голови за победа во последните 15-тина минути. Херој на гостите беше младиот 20-годишен Англичанец, Гитенс, кој влезе од клупата и двапати ја затресе мрежата на домашните. Гителс погоди во 77′ за 0:1, а во 86′ минута погоди и за 0:2. Конечните 0:3 беа дело на Гираси од белата точна.

Ако некој вечерва заслужи аплаузи, тоа секако се фудбалерите на Селтик. Момците на Брендон Роџерс пред своите навивачи понудија вистинско гол-шоу и со победа од 5:1 над екипата на Слован Братислава дојдоа до првата победа во новата сезона од најсилното европско натпреварување. Скајлс со голот во 17′ ги донесе домашните до водство од 1:0, резултат со кој се замина на одмор. Само што почна второто полувреме, Фурухаши во 47′ зголеми на 2:0, додека Енгелс од пенал во 56′ зголеми и на 3:0. Гостите преку Вимер намалија на 3:1, додека Маеда во 70′ зголеми на 4:1. Конечните 5:1 беа дело на Ида во 86′.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ