Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Од денеска Англија има нов селектор!

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако Томас Тухел уште на 16 октомври беше промовиран како нов селектор на Англија, Германецот од денеска ја презема и официјално селекторската клупа на еден од најсилните репрезентативни тимови во светот.

Имено познато е дека неговиот договор со ФА е потпишан на 1,5 години, се разбира со можност истиот да се продолжи а почнува од 01.01.2025, значи од денеска.

Познато е дека по заминувањето на Герет Саутгејт, цела есен како В.Д. селектор беше Ли Карсли на кого должноста фактички му истече со крајот на 2024 година.

Тухел е поранешен стратег на Дортмунд, Челзи, ПСЖ и Баерн Минхен а еве што кажа на промоцијата пред речиси три месеци.

Многу сум горд што имам чест да го водам англискиот тим. Одамна чувствувам лична поврзаност со фудбалот во оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Тесно соработувајќи со мојот помошник Ентони Бери, ќе направиме се што можеме за да ја направиме Англија успешна и навивачите горди. Сакам да им се заблагодарам на ФА за нивната доверба и со нетрпение го очекувам нашето заедничко патување“, рече Тухел.

Инаку Тухел е третиот странец на оваа функција. Претходно Англија ја предводе Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ