Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Анчелоти: Ќе се жалиме, потегот на Вини над Димитриевски не беше за црвен картон!

4 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во следните неколку натпревари Винисиус Жуниор нема да биде во комбинациите за шутирање пенали. Причината е суспензијата што ќе следи. Бразилецот уште еднаш направи хаос на Местаља. Тој го удри македонскиот голман, Столе Димитриевски, а потоа бурно реагираше на одлуката на судијата да му го покаже патот до соблекувалната.

Шпанците наведуваат дека ѕвездата на Реал Мадрид би можела да добие дури суспензија од четири меча што би значело пропуштање на натпреварите во шпанскиот Суперкуп, како и најмалку еден првенствен натпревар.

Анчелоти најави дека Реал ќе се жали на одлуката за црвениот картон. Смета дека Винисиус бил премногу лесно исклучен.

“Тоа не е црвен картон. Имаше допир од Димитриевски и потоа Вини го турна. Судијата требаше да им покаже жолти картони на двајцата и работата ќе беше завршена. Мислам дека е претерано, сигурно ќе се жалиме“, прокоментира Анчелоти на прес-конференцијата по жестоката пресметка.

Извештајот на судијата кажуваше се. Вини беше исклучен бидејќи удри ривал. Сега се чека одлуката на Дисциплинската комисија на Ла Лига. Жалбата ќе биде тешка за кралевите во овој случај.

На крајот најважно за Реал е што освои три бода и се на врвот на табелата во Ла Лига. Винисиус не е незаменлив колку и да добие суспензија


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ