Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Њукасл не знае за доста, го “архивираше“ и Вулверхемптон!

15 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Њукасл во меч од 4.коло во Премиер-лигата, вечерва на гости славеа со 1:2 кај Вулвехемптон. Ова беше трета победа на тимот на Еди Хау во четвртиот меч и е на минус два бода од перфектниот Манчестер Сити.

Одличен, феноменален меч одиграа двете екипи.

Волците“ се радуваа на водство во 36.минута со голот на Лемина. И тогаш пресврт во продолжение од средбата. Прво во 75.минута Шер израмни на 1:1, а победата ја донесе Барнс пет минути подоцна. Треба да се каже дека во последните минути домашните имаа две големи шанси за израмнување, но сепак не успеаја. Па така Њукасл славеше со конечни 1:2.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ