Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ништо од Баерн – Нагелсман го продолжи договорот со Германија

19 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Низ медиумите во Германија се пишуваше дека Јулијан Нагелсман по ЕП 2024 ќе ја напушти репрезентацијата и ќе се врати во Баерн Минхен. Но од тоа нема ништо, затоа што селекторот го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија.
Договорот на младиот тренер со Германија истекуваше по завршување на ЕП 2024, но сега потпиша нов според кој ќе остане до 2026 година.
Нагелсман беше тренер на Хофенхајм со кој стигна до четвртото место на табелата и беше прогласен за тренер на 2017 година, потоа со РБ Лајпциг го освои Купот на Германија, а потоа со Баерн ја освои Бундес лигата и два Суперкупа на Германија. Од март минатата година е на функцијата селектор на Германија.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ