На натпревар во грчкото првенство денеска бевме сведоци на едно неверојатно промашување. Имено, на мечот меѓу Панетоликос и Олимпијакос, во ситуација кога гостите водеа со 0:2, украинскиот репрезентативец Роман Јаремчук промаши нешто, што професионален фудбалер не смее да промаши.
За среќа, ова големо промашување не го чинеше скапо неговиот тим, но останува како бледа дамка во неговата голгетерска кариера.