Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Напаѓач на Феенорд ќе го замени Осимен во Наполи

24 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се погласни се информациите дека Виктор Осимен во текот на летото ќе го напушти Наполи, што значи дека минатогодишниот италијански шампион ќе мора да бара негова достојна замена. „Газета дело Спорт“ информира дека има неколку кандидати за позицијата на Осимен, а најновите информации велат дека еден од нив е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез.
Мексиканецот направи трансфер во Феенорд во 2022 година и игра фантастично. Во оваа сезона има 21 гол во 25 натпревари, а севкупно има 24 гола во 35 натпревари.
Неговиот трансфер би го чинел Наполи 50 милиони евра, но тоа не би било проблем бидејќи клубот би заработил многу повеќе од продажбата на Осимен.
Се споменуваат имињата на Џонатан Дејвид, канадскиот интернационалец од Лил чија цена е драстично помала бидејќи има договор до летото 2025 година. Се споменува и играчот на Болоња и холандски интернационалец, Џошуа Зирке но тој трансфер е помалку веројатен.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ