Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Најдобриот босански судија добил смртни закани, не сака да им суди на Сараево и Железничар

28 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најдобриот фудбалски судија на Босна и Херцеговина, Ирфан Пељто, поради смртни закани кон него и неговото семејство, побара Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина да не го делегира за натпреварите од домашното првенство во кој играат Сараево и Железничар.

Пељто пријавил во Министерството за внатрешни работи на округот Сараево дека добил неколку смртно-загрозувачки пораки од непознати броеви со фотографии од неговата сопруга и синот. После тоа, сараевчанецот се пријавил во Фудбалскиот сојуз на БиХ од кој побарал да не го делегираат на натпреварите од Премиер лигата на БиХ, во кои играат екипите на Сараево и Железничар.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина се огласи и најостро го осуди секој облик на притисок врз официјалните лица и длабоката загриженост поради честите закани во последно време.

„Ги повикуваме надлежните органи да преземат соодветни мерки за спречување на вакви случаи, и кривично да ги гонат сите одговорни и да застанат во заштита на нашиот најдобар фудбалски судија, како и сите функционери во натпреварите на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението за печатот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ